Сопругата на францускиот претседател, Карла Бруни Саркози ги демантирала шпекулациите на медиумите дека чека бебе. По разгледувањето на еден храм, за време на неодамнешната посета на Индија, во кој наводно се молела да остане бремена и да добие син, во Франција започналеда кружат гласини дека првата дама е во блажена состојба.
Дека Карла не е бремена открил неделникот “Pari Mac” кој во својот најнов број објавил статија за посетата на претседателскиот пар на еден дом за сираци на островот Мартиник. Поранешната манекенка изјавила дека желбите се едно, а реалноста сосема друго и уште еднаш потврдила дека не е бремена.