Сопругата на поранешниот француски претседател Никола Саркози, Карла Бруни, повторно е бремена. Некогашната манекенка е повеќе од свесна дека бременоста на 44 години може да биде ризична, но медиумите јавуваат дека таа била пресреќна.

Карла и Никола биле свесни за ризикот, а нејзиниот лекар ја советувал да се одмара и да не се нервира. Иако ја имаат ќерката Дулија, која ја добиле пред нецела година, парот нема посебни желби кога е во прашање полот на второто дете.