Европа лесно би можела да се соочи со протести на муслиманските верници доколку се остварат најавите на францускиот сатиричичен неделник „Charlie Hebdo“, дека денеска ќе објави карикатура на пророкот Мухамед.
Се стравува дека тоа ќе предизвика верски тензии, не само во Франција, туку ширум Европа.
Светските агенции пренесуваат дека ова не е прв пат овој неделник да ги провоцира муслиманите. Минатата година неделникот издаде број во кој „гостин уредник“ беше пророкот Мухамед. Поради тоа исламисти фрлија бомба во редакцијата.
Опасната најава на францискиот неделник доаѓа во чувствителен период на жестоки реакции во муслиманските држави предизвикани од навредливиот филм за пророкот Мухамед кој неодамна се појави на интернет каналот „You tube“.