На 5 април, петок, со почеток во 11 часот во Младински Центар Охрид ќе се одржи кариерно советување со сертифициран кариерен советник со осврт на нова методологија за процесот на кариерно советување.

Дел од истиот проект е и методологија под назив – Sport4employability, која повторно е со осврт на личен и кариерен раст и развој кај младите. Овие две алатки служат за саморефлексија, препознавање и валидирање на сопствените вештини. Помагаат во личниот развој на младиот човек и со тоа придонесуваат за подобар кариерен избор, велат од Младинскиот Центар.

Преку промоција, додаваат ќе биде одговорено на неколку клучни прашање: што е кариерно советување? нова иновативна методологија за спроведување кариерно советување – ProfillPASS, што знам и умеам?, дали ProfillPASS може да ми помогне во процесот на барање работа?, tips and trics за успешна апликација за работа/ангажман и каков е импактот на методологијата Sport4employability врз кариерниот разој на младите.

Акцијата „Кариерно Советување ProfillPASS” е дел од проектот „Подобрување на социо-економската инклузија на млади од ранливи групи преку младинска работа“ спроведуван од Сојузот за младинска работа со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)“.

OhridNews