Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ноќеска на натпреварот со Атланта повтори достигнување на легендарниот Коби Брајант.

Триесет и петгодишниот Кари постигна 60 поени. Тој стана вториот играч во историјата на НБА кој постигнал 60 поени со наполнети 35 години. Првиот беше поранешниот кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, кој постигна 60 поени во неговиот проштален натпревар во 2016 година на 37-годишна возраст.

Сепак, и 60 поени на Кари не беа доволни Вориорс да го избегне поразот. Домаќините победија со 141:134 по продолжение.

Голден Стејт по 46 одиграни натпревари имаат 21 победа и 25 порази и се надвор од зоната за разигрување за титулата.