Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, ноќеска мина две легенди на НБА на вечната листа поентери во плејофот. Во вториот натпревар од серијата против Сакраменто (106:114, 0-2), Кари постигна 28 поени, со што неговиот вкупен број во плејофот достигна 3.628.

Кари се искачи од 20. на 18. место во генералниот пласман, престигнувајќи ги Вилт Чембрлен (3.607) и Елгин Бејлор (3.623).

Лидерот на поени во плејофот Леброн Џејмс има 7.652. Следен кошаркар пред Кари, на 17-та позиција е Скоти Пипен со 3.642.

OhridNews