Царинскиот терминал во Охрид не е затворен од политички причини, туку Царинска управа врши реорганизација, со цел ефиксно да ги искористи своите ресурски, изјави за Ohridnews, Ванчо Каргов, директор на македонската Царина.
Неодамна претседателот на ОК на ВМРО НП, Ванчо Костоски, обвини дека затворањето на царинскиот терминал на ЕМО, ќе предизвика сериозни штети на охридската економија, , а особено на ЕМО бидејќи терминалот беше најпрофитабилната дејност на компанијата која се наоѓа пред продажба.
За Каргов ваквите обвинувања не држат. Нема никаква политика, истовремено со охридскиот затворени се и царинските терминали во Окта и Фени, а редукцијата ќе пролжи и во иднина, додаде Каргов.
„Во овој регион имаше голема концетрација на царински терминали во Охрид, во Струга, аеродром Охрид и Ќафасан со што работната сила не беше рационално искористена“, рече Каргов. Тој рече дека со ваквата реорганизација вработените од охридскиот терминал нема да ги загубат своите места. „Тие и натаму остануваат на работа во Царината и ќе бидат распределени на други работни места“, рече Каргов.
Г. Момироски