На аеродромот Бергамо, денес, карго авион се излизга од пистата, ја проби оградата и заврши на околниот пат. Ниту еден од двајцата членови на екипажот, кои беа во авионот на DHL, што пристигна од парискиот „Шарл де Гол“, на аеродромот „Орио ал Серио“ не е повреден. Сепак, леталото има сериозни оштетувања, велат од агенцијата за безбедност при летање.
Прометниот аеродром, беше затворен два часа по 4 часот наутро, откако се случи инцидентот, што предизвика нервоза кај патниците кои доцнеа.
Беа откажани 15 летови, а други летови доцнеа. Некои летови беа насочени на миланскиот аеродром „Малпенса“.
OhridNews
извор Макфакс