Границата на заболени се повеќе се спушта под 65 години покажале истражувањата според кои околу 80 отсто од смртните случаи се јавуваат во ниско или средно развиените држави наспроти верувањето дека срцевите заболувања се проблем само на богатите земји.
Главни ризик фактори за кардиоваскуларните заболувања и натаму се пушењето, лошата исхрана и недоволната физичка активност, а како дополнителни се сметаат стресот и прекумерната телесна тежина. Физичката неактивност го зголемува ризикот од развој на срцеви заболувања за 1,5 пати, додека зголемената консумација на овошје и зеленчук три до пет пати во денот го намалува ризикот од коронарна срцева болест до 17 отсто.
Денешниот ден, 27 септември е Светски ден на срцето, кој со низа манифестации и едукативни предавања се одбележува и во нашата земја.