По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално во светот се одбележува на 29ти Септември, оваа година ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, во соработка со Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, организира настан чија цел е подигање на свеста на граѓаните на општина Охрид за значењето на покачениот крвен притисок и дислипидемијата како два најчести ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања кај луѓето.

Македонија е земја со многу висок ризик за кардиоваскуларни заболувања и сметаме дека со спроведување на оваа кампања ќе допринесеме кон подигање на свеста кај луѓето, а во интерес на намалување на кардиоваскуларниот ризик и превенција на сериозни кардиоваскуларни заболувања. За таа цел во просториите на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања Охрид, планирано е да се спроведат активности кои ќе опфатат мерење на крвен притисок и скринирање на кардиоваскуларниот ризик кај луѓето, проследени со споделување на совети и информативни материјали од страна на доктори од болницава и претставниците од Крка – Фарма ДООЕЛ Скопје, информираат од Болницата.

Посочуваат дека акивностите ќе се реализираат на 30.09.2024г.(понеделник) во периодот од 9.00 до 12.00 часот.

OhridNews