Поради прекин во напојувањето со елчектрична енергија во кардиолошката клиника „Филип Втори“ во Скопје, во опасност се доведени животите на 20 пациенти кои се наоѓаат на интензивно лекување.

Д-р Жан Митрев, сопственик на клиниката вечерва во паника преку медиумите упати апел до надлежните за итна реакција, зошто како што рече „во спротивно ќе се случи катастрофа“. До дефектот најверојатно дошло поради нестручно менување склопка во другиот дел од комплексот Воена болница.

Митрев информираше дека клиниката има сопствени агрегати но дека тие може пациентите кои се приклучени на апаратите за одржување во живот да ги опслужуваат само 2 часа. Поради сериозноста на случајот кон клиниката вечерва се упати и премиерот Никола Груевски.

ohridnews