Кардиологот Сашко Кедев стана третиот Македонец кој го освои највисокиот врв во светот Монт Еверест.
Кедев 8.848 метри високиот врв на Хималаите го искачил како дел од приватна експедиција заедно со шерпасите Пасанг Тензинг и Анг Дорџи изутрината околу 8 часот, беше соопштено на официјалната веб страна на експедицијата.
Пред Кедев, на врвот на светот успеаја да стигнат Димитар Илиевски – Мурато кој таму и го остави својот живот, и канаѓанецот со македонско потекло Глигор Делев.