Караванот за презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, ќе стартува денеска од Охрид.
-Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании. Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом, велат од Министерството за финансии.
Презентацијата во општина Охрид ќе започне во 17:30 часот во зградата на општина Охрид.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.
OhridNews