“Едно име имаме, една е Македонија” е  името на Караванот за зачувување на  Македонскиот идентитет, што денеска помина низ Охрид.


Караванот за Името беше во Охрид

За таа цел на плоштадот, кај Чинарот беа поставени транспаренти и плакати, на кои беа напишани пароли против грчките притисоци за промена на името на нашата држава. Исто така беше отворена и книга за потиси за поддршка на иницијативата. Караванот кој го организира ТМРО – ВЕП, а е поддржан од повеќе други организации започна во септември и отогаш има посетено повеќе градови и помали населени места во земјава.

Е.Е.