На предавањето кое ќе започне во 17.30 часот, во просториите на охридскиот Центар за Култура, ќе учествуваат еминентни гинеколози, лекари од службите за вакцинација, преставници од Центрите за јавно здравје, преставници од Невладини организации и јавни личности.
Хуман папилома вирусот (ХПВ), според медицинската статистика е најчестиот причинител на Рак на грлото на матката. Секоја година во Македонија, од овој карцином заболуваат околу 250 жени, од кои над 30 завршуваат со смртни последици.