Во Четврток на 16-ти април 2015 година охриѓани ќе може да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што ќе стартува од Охрид.
–Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании. Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом, велат од Министерството за финансии.
Според најавите, презентацијата во општина Охрид ќе започне во 17:30 часот.
Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово. Според Министерството за финансии, караваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.
OhridNews