Охриѓани ќе може да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, во рамки на караванот за презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе стартува утре од Охрид.

Според концептот „сите информации за проектот на исто место“ планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании. Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом, велат од Министерството за финансии.

Според најавите, презентацијата во општина Охрид ќе започне во 17:30 часот.

Презентација на проектот ќе има и во Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.

OhridNews