Охриѓани ќе имаат можност по втор пат да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во среда на 9-ти септември во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.
Првата презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, се одржа во Охрид во средината на месец април годинава и за неа интерес пројавија голем број охриѓани.
OhridNews