Oхриѓани ќе имаат можност по втор пат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што стартува денеска од Штип.

-Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово, информираа надлежните за проектот.

Според концептот, планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании. Сите заинтересирани граѓани може да ги посетат презентациите и да се информираат за субвенцијата за купување сопствен дом.

Првата презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, се одржа во Охрид во средината на месец април годинава и за неа интерес пројавија голем број охриѓани

OhridNews