Охриѓани ќе имаат можност по втор пат да се информираат за поволностите на проектот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на презентацијата, што ќе се одржи денеска во просториите на општина Охрид со почеток во 17 часот.
На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.
Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.
Првата презентација на проектот „Купи куќа, купи стан“, се одржа во Охрид во средината на месец април годинава и за неа интерес пројавија голем број охриѓани.
OhridNews