Македонскиот каратист Симон Антиќ, член на скопски – Макпетрол, успеа да го освои бронзениот медал од Светскиот карате куп кој е дел од ,,Светската 1 Премиер Карате Лига,, а се одржува во Атина, Грција.

Симон Антиќ настапи во дисциплината борби во полутешка категорија (-84кг). Тој до медалот стигна откако во првото коло го победи со максимален резултат домашниот натпреварувач од Грција П. Канелис 8-0, во второто коло се сретна со репрезентативецот на Египет Х. Кешта повеќекратен медалист и искусен натпреварувач. Во тој натпревар Симон Антиќ загуби со резултат 1-4, подоцна претставникот на Египет влезе во финалето и ние добивме шанса преку репасажните борби да се бориме за бронзениот медал.

 

Во првата репасажна борба или поточно во третото коло, најнапред се сретнавме со репрезентативецот на Кипар С. Зевларис и го победивме со резултат 8-0, во четвртото коло во борбата за бронзен медал се сретнавме со М. Махамут од Индонезија и го победивме со резултат 4-1, и со таа победа го освоивме третото место и бронзениот медал.

– Многу сум среќен бидејќи ова е прв медал кој го освојувам од еден
Светски куп. Медалот ми е посебно драг бидејќи е дел од Светската лига и
тука во Атина беа скоро сите најдобри каратисти во сениорска
конкуренција. Тоа што сум се уште јуниор не преставуваше никаква пречка
за мене, напротив јас имав мотив повеќе кога се борев и ги победував
постарите и поискусни каратисти. Се надевам дека и во иднина достојно ќе
ја репрезентираме со нашиот клуб  ,,Макпетрол,, државата  Македонија и
Македонското карате заврши нашиот јуниорски репрезентативец.

– Многу сме среќни и задоволни бидејќи нашиот натпреварувач член на Карате клубот ,,Макпетрол,, успеа во Атина да го освои бронзениот медал. Симон Антиќ беше карате натпреварувач од Македонија кој замина на овој Светски куп. Тој има само 19 години и ние добивме уште еден каратист кој има високи потенцијали за остварување на вредни спортски резултати за во иднина. Успеавме да освоиме медал на едно натпреварување од најелитната ,,Светска 1 Премиер Карате Лига,,. Да потсетиме дека Симон Антиќ оваа година на Европското првенство кое се одржа во Баку, Азербејџан тој се бореше за бронзениот медал но за жал не успеа да го освои и на крајот мораше да се задоволи со високиот пласман на петтото место. Еве сега во Атина докажа дека тој е многу перспективен млад натпреварувач од кого во иднина треба да се очекуваат многу вредни постигнувања – рече тренерот Бошко Заборски

ohridnews