Младата спортистка Моника Стефановска ги забележи првите победи во Премиер лигата.Таа во прво коло победи со резултат 4-0 против претставничка од Турција, во второ коло ја совлада Тунижанката со резултат 5-1, и во третото коло загуби од втората Турска натпреварувачка со минимален резултат 0-1.
– Ова е четвртиот по ред турнир од Светската 1 премиер Карате Лига. Во категоријата – 55 кг , каде што настапува нашата најдобра каратистка на турнирот беа пријавени сите најдобро рангирани спортистки од целиот свет. Немавме среќа и во директната борба за бронзен медал загубивме на судиско изјаснување од како резултатот во регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено. Германката е многу добра спортистка и таа е актуелна европска сребрена медалистка од последното европско првенство кое се одржа во Тенерифе.Овој турнир за нас преставуваше прва контрола пред претстојното Светско првенство кое треба да се одржи во Парис во месец Ноември 2012 година. За три недели или поточно на 22.сеп.2012 година заминуваме за Хамбург на петтиот по ред турнир, а потоа имаме два Светски купа кој исто така се рангираат од страна на Светската карате федерација тие се закажани за Атина и Москва. Последниот турнир од Светската Премиер лига ќе се одржи во Салцбург 09.декември.2012 година и до тогаш верувам дека ќе се искачиме помеѓу најдобрите три светски каратистки.
Останатите наши спортисти кои настапија во машка конкуренција не забележаа некој вреден резултат или подобар пласман.
Минатогодишниот најдобро рангиран Македонски спортист Мартин Несторовски во тешка категорија +84 кг, загуби во првото коло,од ИранецотGarhveysiDanial, IRI) .