За прв  пат по долги години Охрид беше домаќин на карате камп на кој продефилираа околу  седумдесетина млади каратисти освојувачи на првите и вторите места на државните првенства во своите категории. Охриѓани преку ваквки кампови се надеваат да ги анимираат младите и да го заживеат овај под заборавен традицонален спорт. 


Помошникот  селектор, охриѓанецот Дејан Чолески  очекува кампот од година во година да биде помасовен, и да ги угости младите каратисте од земјите на нашето опкружување. 


Ова е прв камп кој се одржува во Охрид и ова е само почеток на една убава традиција. Во Охрид последен пат државно првенство се одржало во 1982 година, во план сме оваа година да го прекинеме тој пост и по повеќе од 20 години да организираме едно државно првенство. – вели Чолески 


Годинава  македонските каратисти постигнаа  забележителни резултати на европскиот самит во Измир, Турција, од каде донесоа  едно злато и три бронзи. Наредниот предизвик за каратистите е балканскиот шампионат во Грција за помлади кадети и кадети. 


В година ги очекуваа две големи натпреварувања  и тоа европскиот шампионат во Нови Сад, како и Светското првенство во Куала Лумпур, Малезија. 

М.П.