Карате клубот „Самурај“ од Охрид 4-та година по ред организира карате тренинзи на отворено пред хотелот „Далјан“. Тренинзите на програмата се во вторник и во петок од 8 и 30 до 9 и 30 часот.

– Ние имаме многу среќа што живемее во Охрид и што имаме можност да ги користиме сите природни убавини. Колку сме само среќници може да се види, што одредени луѓе плаќаат да одржат еднонеделни подготовки на отворено во Охрид. – изјави Ѓоко Томоски и додаде околу тренинзите на трева, песок и во вода. – Во текот на годината тренираме само во сала, а на отворено користиме три можности, трева, песок и во вода. Секоја од нив има свое значње и подобрување на квалитетот на тренингот.

Годинава за прв пат охридскиот клуб ги отвори вратите бесплатно за сите љубители на каратето.

– Во текот на ова лето започнавме и бесплатна карате школа, преку која сите љубители на карате вештината можат да се запознаат, или оние кои веќе вежбаат можат да го одржат својот континуитет. – истакна Томоски.

Тој е задоволен од големиот интерес и продолжувањето на традиција од која добро имаат сите вљубеници во спортот и во боречките вештини.

OhridNews