Деновиве во Пештани се одржа традиционалниот ЈКА ЈУДАНША КАИ ГАШОКУ Семинар ’13, кој го водеше познатиот инструктор на инструктори Златко Кесковски носител на 6ти Дан.

-ЈУДАНША КАИ во превод е собир на мајстори, носители на црни појаси или Дан Ранг, семинари од ваков тип се одржуваат од 2 до 3 пати годишно, со цел ние инструкторите да се подобриме да размениме искуства и знаења, воедно да согледаме до каде сме и како да продолжиме со работа понатаму, изјавија од клубот Самурај Доџо од Пештани, кој заедно со Самурај Доџо од Охрид, втор пат беше домаќин на ваков семинар.

На семинарот присуствуваа повеќе инструктори од земјава. 

OhridNews