Мини мајсторката за боречки вештини иако има само пет години веќе станала најмладо девојче во светот со црн појас во боречки вештини. Индијката Варша Винод тренира од својата втора година. Веќе познава 15 кати. Нејзините вештини вклучуваат и работа со боречки стап и нончаки.
Тренира два и пол часа дневно. Државните претставници и врачиле црн појас пред илјадници гледачи на една церемонија. Таа е многу горда на црниот појас. Вели дека и пријателите се горди на неа, а не мисли дека и се плашат. Амбициозната Варша се надева дека ќе биде уште подобра во каратето и сака еден ден да стане лекарка.