Фудбалскиот клуб Караорман ги потврди високите амбиции за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига доведувајќи го голгетерот Никола Секуловски.
Поранешниот фудбалер на Охрид и Сатеска со своето искуство и голгетерски инстикт ќе биде огромно засилување во нападот „црвено белите“.
Секулоски е вкупно петто засилување за Караорман во летниот преоден рок. Стружани во своите редови претходно ги доведоа Дарко Симјаноски, Климе Далчески, Ненад Попоски и Амет Белуљи.
OhridNews