Фудбалскиот клуб Караорман и следната сезона ќе биде дел од Третата македонска фудбалска лига југо-запад откако се фузираше со тимот на Лакочереј. Информцацијата за најновото фузирање ја потврдија секретарите на двата Општински фудбалски сојузи од Охрид и Струга.
Тимот на Лакочереј низ сезоната и баражот во Охридската општинска фудбалска лига обезбеди пласман во Третата лига, додека Караорман отпадна од третолигашкото друштво. Една полусезона струшкиот тим ќе го носи името Лакочереј-Струга, а потоа ќе го смени името во Караорман.
Ваквиот развој на настаните треба да биде поттик и мотив за стружани кои полека ги губат спортови во кои во минатото биле меѓу најдобрите во Македонија.
OhridNews