Струшки Караорман ќе презими на врвот на табелата во третата лига Југозапад. Клубот кој во својата историја беше дел и од првата македонска лига годинава преку натпреварите од третата  лига ќе се обиде да се врати во второлишкото друштво.

Популраните “паткари“ собраа 42 од можни 45 бода, а единствениот пораз го претрпеа од Преспа во Ресен. Стружани со 3-0 го добија дербито на сезоната над охридски Борец кој со 40 бода е второпласиран на табелата.

Натпреварите во оваа конкуреција продолжуваат во март наредната година.

М.П.