Лидерот на трета МФЛ, струшки Караорман ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Стружани во пресрет на вториот дел од првенството имат пет бода предност во однос на Охрид Лоте.


Стратегот на Караорман, Никола Таштаноски во вториот дел од првенството нема да може да смета на тројца стандардни првотимци. Струга ја напуштија Нически Антонио – Шајка, кој се врати во Напредок, Даниел Стојаноски кој премина за Беласица и Ѓоко Попоски кој замина во Словенија.

Стартот на новиот шампионат е на 7 март, а Караорман во првото коло му гостува на Кораб во Дебар.

М.П.