На кинески таксист работата му процветала откако има караоке за патниците. Таксистот, кој вози девет години, вложил 1.000 евра во три екрани, 16 звучници, појачало и диско топка.
– Бараат телефонски број за следниот пат. Понекогаш дури и ми велат да одам по подолгиот пат – вели сопственикот на единственото караоке-такси.
Не му смета пеењето од патниците со оглед на тоа дека ги знае сите песни. Како да слуша радио. За време на паузите пее сам со колегите. Сака да стане професионален пејач, но никогаш немал време.
– Инсталирав караоке бидејќи постојано сум во таксито, вели музикалниот таксист.