На булеварот „Туристичка“, вчера се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа пет возила. Како што не информираа очевидци кои ни испратија и фотографии од настанот сообраќајката најверојатно се случила поради неприлагодена брзина, и недржење растојание помеѓу возилата, кои се движеле  кон пазарот. Во несреќата неколку лица полесно се повредени поради што морача да интервенира и брзата помош.


верижен судир на бул. „Туристичка“


интервенираше и брзата помош


за момент се створи долга колона

Ohridnews