Охридската единица, заработи црвен картон во финишот на мечот со Цементарница кој заврши без победник 1-1. Според иавештајот на “Македонски спорт“, Карамачоски ги загубил нервите во финишот на мечот и го нападнал домашниот фудбалер Стојановски, кој претходно грубо го фаулирал голманот.

Со оглед дека до крајот на првенството остануваат уште три кола, доста извесно е дека Ѓорески нема да може да смета на “единицата“ до крајот. Неговото место меѓу стативите ќе го завземе Никола Капрически, кој пред две рунди на мечот со Дрита успеа да ја зачува својата мрежа чиста.

“фото Македонски Спорт“
М.П.