–
“Немав ни најамала намера некого да нападнам ниту пак да делам своја правда “– вели охридската единица Димитар Карамачоски за случувањата во 88 минута од мечот Цементарница – Охрид кој заврши без победник 1-1.
Во финишот на мечот Карамачоски по еден центаршут добил директен удар во главата по што признава дека реагирал неспортски, но силниот удар кој го добил по кој настраделе неговиот нос и неколку заби го исфрилил од колосек.
–
По една длабинска топка противничкиот играч намерно ме удри во пределот на главата, осетив голема болка и за момент го загубив разумот ја шутнав топката во играчот, потоа се затуркавме по што добивме црвени картони – ја објаснува ситуацијаа Карамачоски.
Важноста на мечот но и слабата арбитража на главниот судија Ангелевски од Прилеп ги гледа како главните извори на психолошкиот притисок врз играчите.
– Сета таа нервоза беше инспирирана од односот на главниот судија Ангелески , штета што ваков значаен меч за двете екипи му беше доделен на прилепчанецот кој беше изгубен на теренот – рече Карамачоски кој потенцираше дека се до тој момент натпреварот бил фер и коректен и дека доколку не добиел така силен удар кој го нокаутирал немало така да реагира.
Исто така охриѓани се жалат на односот на полициското обезбедување на мечот, кое наместо да ги обезбедува го нападнало голманот Карамачоски, со што се створила тензична ситуација.
Карамачоски во аут до крајот на сезоната
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com