Охридските бели го добија дерби мечот со Миравци минимално со 1-0 и се изедначија по бројот на бодови со лидерот на табелата.   Одлучувачкиот момент се случи во 20. минута од мечот кога најдобриот играч “рибарите“ Ѓорески беше соборен во казнетиот простор и судијата Бошков покажа на белата точка. 

Сигурен реализатот на ударот беше на голманот на белите Карамачоски, за кого ова е прв погодокот во шампионатот.

Дерби натпреварот помина во изедначена и борбена игра на средината на теренот без некои посериозни прилики за гол. Охриѓани ја искористија единствената прилика кој им се укажа и благодарение на присебноста на голманот Карамачоски заслужено се радуваа на победата.


По оваа победа “рибарите“ остануваат на втората позиција на табелата само благодарение на послабата гол разлика од лидерот Мираваци.

Мх.П.