Голгетерот на Барселона, Луис Суарез не го испочитува својот поранешен клуб Ливерпул и го прослави погодокот за водство на Ноу Камп во првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампиони. Каталонците го добија мечот со 3-0 со двата погодоци на Лионел Меси.

Чинот на Суарез наиде на осуда од навивачите од Ливерпул а легендата на „црвените“, Џејми Карагер му најави „пеколен пречек“ на Енфилд.

  • Мислам дека нема биде добро пречекан. Суарез се сака кога игра за вашиот тим, а не` се сака кога игра за противничкиот. Ова за него ќе биде прво гостување на Енфилд и нема по добро да го памети. Голот што го постигна беше добар и тој беше ден од најзаслужните што Барселона победи. – изјави Карагер.

Реваншот се игра во вторник на Енфилд а на Ливерпул му треба победа од четири голови за директен пласман во финалето или победа од 3-0 за продолженија и евентуални пенали.

OhridNews