Караџиќ се затскривал зад идентитетот на Драган Давид Дабиќ и имал документи за лична идентификација, издадени на тоа име, јавувата српските медиуми. Вистинскиот Драган Дабиќ бил војник на Република Српска и починал во 1993 година во Сараево.
Драган Дабиќ алијас Радован Караџиќ
Документите кои ги користел Караџиќ биле издадени легално во градот Рума, на околу 50 километри од Белград, најверојатно со помош на претставници на власта од Република Српска.Според важечките закони воСрбија за да добие лична карта барателот треба да поднесе државјанство, извод од матична книга на родени, старата лична карта и да даде и отисок од прст. Караџиќ не бил државјанин на Србија.
Радован Караџиќ бече уапсен во понеделникот во Белград. Таму тој со години живеел под лажен идентитет и работел како изцелител и духовен доктор.