Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ и џинот Даинис Криштопанс се дел од дрим тимот од првата рунда во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони. Дуото Карачиќ и Криштопанс беше нерешлива енигма за Пик Сегед, кој во Скопје претрпе убедлив пораз 31-23 во првиот меч од 1/4 финалето.

Карачиќ и Криштопанс постигнаа идентичен број на голови по осум, а целиот натпревар во двата правци го одиграат во еден здив. Затоа оваа индивидуална награда е повеќе од престиж за ракометарите на Вардар.

Во изборот на најдобрите одбрани место имаше за една одбрана на Дејан Милосављев, додека Вардар нема свој преставник во најдобрите голови.

Идеален тим:

Десно крило: Блаж Јанц (Киелце)

Десен бек: Даинис Криштопнас (Вардар)

Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)

Лев бек: Уладислау Кулеш (Киелце)

Лево крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Пивот: Лудовиг Фабрегас (Барселона)

Голман: Роланд Миклер (Веспрем)

OhridNews