Ракометарите на Вардар минатата 2019 година ја освоија втората титула во Лигата на Шампиони, триумфирајќи на завршниот турнир „Ланксес“ арената во германскиот град Келн. „Црвено црните“ во финалниот натпревар го совладаа унгарски Веспрем. Но сите симпатии ги освоија со победата против Барселона во полуфиналето. „Вардарци“ второто полувреме го одиграа во транс. Ја стопија предноста на Барселона од седум голови и на крајот се радуваа на триумф и пласман во финалето. Еден од адутите на Вардар во освојувањето на титулите беше Игор Карачиќ, кој во интервју за „Балкан Хендбол“ ја откри тајната на ерпскиот пресврт.

На полувремето на мечот со Барселона имавме негатива од седум голови. Седевме еден од друг и се погледнавме в очи. Сакав јас нешто да кажам, но Чупиќ стана пред мене и почна да зборува. Тој рече дека недела дена пред завршниот турнир губевме во Битола против Еурофарм девет голови но успеавме да победиме, зошто да не повториме таков успех и денеска. Сите се погледнавме чудно, но решително што на крајот се покажа пресудно за епски пресврт и голема победа. Чести мотивитори во екипата беа Столе Стоилов и Тимур Дибиров, но Чупиќ како најискусен ја презеде улогата на лидер. Секогаш имаше по некој играч кој ќе се издвоеше во соблекувалната затоа екипата постигнуваше маестрални успеси. – изјави Карачиќ.

Хрватскиот репрезентативец после минатогодишната сезона го напушти Вардар и се пресели во полскиот гигант Киелце. Карачиќ цели осум сезони остана во Вардар.

OhridNews