Припадничка на италијанската полиција си го одзеде животот на фудбалскиот натпревар меѓу екипите од  Втората италијанска лига Тревизо и Гросето .

Натпреварот бил прекинат по дваесет минути игра откако е објавено дека загинала една полицајка, која била дел од обезбедувањето околу стадионот.

Во инцидентот повредена е и нејзината колешка која се обидела да ја спречи во обидот. Полициската истрага покажала дека се работи за  самоубиство.

ohridnews