Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ ја засили екипата на Барселона, а следна трансфер мета е Кирил Лазаров.

Карабатиќ со вицепрвакот потпиша четиригодишен договор, а челниците на Барселона ќе направат се во својот состав да го доведат Лазаров.

Македонскиот интернационалец сеуште е без клуб откако по завршувањето на сезоната го напушти Атлетико Мадрид.

Барселона пред завршниот турнир го потврди интересот за Лазаров, но на неговата адреса стигнаа понуди од уште клубови од Европа.

Мх.П.