Францускиот ракометен ас, Никола Карабатиќ, откри дека в година по завршувањето на Олимписките игри во Токио, ќе замине во репрезентатовна пензија.
Ракометарот, кој моментно е дел од тимот на ПСЖ, а кој има балкански корени, за Франција настапи на 300 меча, почнувајќи од 2002 година
- Морам да го намалам бројот на мечеви, а тоа ќе биде на сметка на репрезентацијата. Морам да мислам на моето семејство, здравјето, иднината и кариерата. Решив по Олимписките игри во Токио, да кажам збогум. Веќе сум во години и морам да внимавам на себе. – вели Карабатиќ.
Во неговата богата кариера постигна 1.185 гола, а притоа освои 2 злата од олимпијадите, 3 титули европски првак и 4 светски круни со „галските петли“.
OhridNews