Нема кој не го коментирал бакнувањето на британската манекенка Кара Делевин и американската актерка Мишел Родригез на кошаркарски натпревар, а сега тие две и ја потврдиле својата љубовна врска. Славната манекенка и актерката така се нов геј пар, а врската ја признале по шпекулациите во медиумите.
Мишел, која и претходно се декларирала како лезбејка, рекла дека кара е баш кул. Кога почнале да се дружат за неа мислела дека е едноставно сјајна, и супер се забавувале. Изгледа дека врската навистина им оди одлично, бидејќи биле видени во Лондон како одат на неколку забави и во неколку ноќни клубови, а се шушка дека наскоро планираат да почнат да живеат заедно.