Кара Делавињ признала дека додека растела модата воопшто не ја интересирала. Вели дека спротивно од тоа, сакала да биде гола. Кара била во врска со Хари Стајлс, Мишел Родригез и Ст. Винсент, но признала дека на луѓето не им е привлечна поради кариерата и дека луѓето се плашат и не се чувствуваат удобно покрај неа.

 

Запрашана дали привлекува и постари мажи, таа одговорила дека воопшто не и дека мисли како тое се плашат од манекенки. Освен модата и манекенството нејзина голема љубов е музиката. Вели дека тоа е нешто со кое ќе се занимава до крајот од животот. Доколку може да се суди по неодамна објавените трачеви, Кара својата музичка кариера лесно би можела да ја лансира со помош на кралицата лично, Бијонсе.