Кара Делавињ и Мишел Родригез уште еднаш покажаа дека не се грижат за коментарите на околината, како ни за тоа дали некој ги гледа или не додека разменуваат нежност. Манекенката и актерката уживале на летување во Мексико страсно бакнувајќи се на плажа. Глетката да биде уште поинтересна се погрижила Кара која била во топлес.
Тие две се во врска од почетоков на годинава, а Мишел речиси се преселила во Велика Британија поради новата девојка. Уживањето и бакнувањето во вода Кара го зачинила со своите голи гради и одлучила топлиот ден на плажа да го мине без горниот дел од костумот за капење.