Ревии има се помалку, едиторијали исто така, но улоги се повеќе. Кара Делавињ оваа година на филмското платно ќе можеме да ја гледаме во две остварувања, „The Face of an Angel” и “Paper Towns”, но тука нејзините улоги не завршуваат. Манекенката на штотуку завршениот месец на модата се појавила само на ревијата на Шанел, со што ја потсети јавноста поради што е меѓу најбараните модели на денешнината. Сепак, обожавателите на славната британка нема потреба да се плашат дека нема да ја видат својата омилена манекенка, бидејќи Кара речиси се преселила на големото платно.

Во остварувањето „The Face of an Angel“, 22-годишниот модел веќе се испробала пред камерите во споредна улога. Филмот во кината пристигнува кон крајот на март. Во адаптацијата на делото на Џон грин, трилерот „Paper Towns“, Кара го толкува ликот на чувствителната тинејџерка Марго. Според првите реакции на неодамна објавениот трејлер, американскиот акцент на манекенката е повеќе од убедлив. Актерската ѕвезда во подем, како што ја нарекуваат Кара, во овој филм ќе можеме да ја гледаме кон крајот на летото. Младата британка ќе може своите актерски способности да ги покаже и во 2016 година во остварувањето „Suicide Squad“, во кое игра покрај Вил Смит, Џеред Лето и Маргот Роби.