Ангелите на Викторија Сикрет мораат да имаат совршени вретенасти тела, а наводно во тој имиџ не се вклопува славната манекенка Кара Делавињ. Иако се шушкало дека ќе прошета по модната писта во Лондон, тоа сепак не се случило бидејќи Кара не ги задоволила условите на познатиот бренд. Иако е прогласена за модел на годината, тоа не било доволно за Викторија Сикрет, кои ја прогласиле за предебела.
Порпаролот на компанијата одбил да ги коментира овие наводи. Долгоочекуваната ревија одржана е минатата седмица, а ќе се емитира на 9 декември на американската телевизија. По пистата шетале Алесандра Амбросио, Адриана Лима, Кендис Свонпул, Бехати Принслу, Линдзи Елингсон, Дацен Крос, Лили Олдриџ и многу друи славни убавици.