Британскиот супермодел Кара Делавињ, која во филмот Ана Карењина го делела големото платно со Кира Најтли, овој пат би можела да ја заигра главната женска улога во новото продолжение за агентот 007. Како што пренесуваат медиумите, Кара веќе ја контактирале продуцентите на новиот филм. Извор рекол дека Кара наговестила дека сака да глуми во филм за славниот агент, а продуцентите почнале сериозно да ја разгледуваат како нова Бонд девојка. Таа е згодна, препознатлива и веќе се покажала како талентирана девојка.
Моментално снима високобуџетен филм за Петар Пан, заедно со Хју Џекмен, а улогата на Бонд девојка, како што признава самата, би била остварување на соништата. Новиот филм на тајниот агент носи работен наслов „Бонд 24“ и ќе го режира Сем Мендез, додека главната машка улога повторно ќе ја игра Даниел Крег. Премиерата на филмот се очекува во ноември 2015 година.