Минатата година познатата манекенка и актерка Кара Делавињ откри дека пати од депресија и дека токму тоа е причината поради која зеде пауза од манекенството. Убавата 23-годишна девојка на својот Твитер налог ги демантира гласините дека во потполност се повлече од модната сцена. Морала да го коментира тие гласини откако фановите беа изненадени кога Кара се појави во модната кампања на Сен Лорен, иако на почетокот на годинава рече дека ќе земе пауза. Кара објасни дека нејзината кариера како модел била таа која и ја предизвика депресијата, па затоа одлучила да се посвети на глумата.

 

Тоа е веројатно најдобар потег не само за нејзиното здравје, туку и за нова кариера, бидејќи Бред Пит сака да биде нејзин ментор. Изјави дека никогаш не рече дека се откажува од манекенството. Не ја криви модната индустрија за нејзината состојба. Вели дека пати од депресија и дека има среќа што го работи она што го работи, но претходно работела за да побегне од реалноста и едноставно потполно да се исцрпи. Сега се фокусира на глумата и се обидува да наиучни како да не ги мрзи сите свои мани.