Британскиот топ модел Кара Делавињ веќе неколку години важи за најдобро платена манекенка на светот, но нејзиниото природно издание нема многу врска со она гламурозното, кое сме навикнати да го гледаме во модните списанија. Така Кара се појави на божиќна забава кај Мик Џегер а нејзиното природно издание збуни многумина.

 

Без капка шминка и во сведена модна комбинација, Кара не е ниту налик на онаа супер секси жена која ги краси насловните страници на модните списанија и рекламните кампањи на престижните модни брендови. Инаку, Кара веќе извесно време ужива во стабилна врска со Ени Кларк, пејачка чиј псевдоним е Сент Винсент, а како што пренесуваат британските таблоиди, се чини дека Кара и Ени се на чекор до венчавка. Имено, обете се фотографирани на забавата кај Мик Џегер со идентичен прстен на раката, за кој таблоидите тврдат дека е веренички.